Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

1 Chronicles 24

:
Macedonian - 2006
1 Еве ги и распределбите на синовите Аронови: Аронови сино­ви беа: Надав, Авиху, Елеазар и Ита­мар.
2 Надав и Авиху умреа пред таткото свој, а синови немаа, затоа свеште­ничката служба ја извршуваа Елеазар и Итамар.
3 И Давид ги распореди: Садок од синовите Елеазарови, и Ахимелех од синовите Итамарови, според редот на службите нивни.
4 И се најде дека меѓу синовите Елеазарови имаше повеќе началници, отколку меѓу синовите Итамарови. И тој ги распореди вака: од синовите Елеазарови шеснаесет началници, а од синовите Итамарови осум.
5 А ги распоредуваше со ждрепка, зашто началниците во светилиштето и началниците пред Бога беа од синовите Елеазарови и од синовите Итамарови;
6 и ги запиша Шемаја, синот Ната­наилов, писар од левитите, пред царот и началниците и пред свештениците Са­док и Ахимелех, Авијатаровиот син, и пред началниците на свеште­ничките и левитските домови: кога се фрлаше ждрепка, зедоа еден од Елеазаровиот род, потоа зедоа еден од Итамаровиот род.
7 Првата ждрепка падна на Јојарив, вториот за Једаја,
8 третиот за Харим, четвртиот за Сеорим,
9 петтиот за Малкија, шестиот за Мијамин,
10 седмиот за Хакоц, осмиот за Авија,
11 деветтиот за Јешуа, десеттиот за Шеханија,
12 единаесеттиот за Елијашив, дванаесеттиот за Јаким,
13 тринаесеттиот за Хупа, четиринаесеттиот за Јешевав,
14 петнаесеттиот за Билга, шеснаесеттиот за Имер,
15 седумнаесеттиот за Хезир, осумнаесеттиот за Хапицец,
16 деветнаесеттиот за Петахија, дваесеттиот за Езекиел,
17 дваесет и првиот за Јахин, дваесет и вториот за Гамул,
18 дваесет и третиот за Делаја, дваесет и четвртиот за Маазјаху.
19 Тоа беше нивниот ред за служ­бата нивна за доаѓање во домот Господов, според наредбата за нив, утврдена од таткото нивни Арон, како што му беше заповедал Господ, Бог Израелов.
20 Кај другите Левиеви синови распоредот беше: од синовите Амрамови Шуваел; од Шуваеловите синови Јехдеја;
21 од Рихавија синот Јешија беше прв;
22 од Јицхар Шеломот; од Шеломотовите синови Јахат;
23 од синовите Хевронови, прв беше Јерија, втор Амарија, трет Јахазиел, четврти Јекамам.
24 Од Узииловите синови Миха; од Миховите синови Шамир.
25 Брат на Миха беше Јесеја; од Јесеевите синови Захарија.
26 Од синовите Мерариеви Махли и Муши; од синовите Јаазиини Бено.
27 Синови Мерариеви од Јаазија Шохам, Закур и Иври.
28 Од Махли Елеазар: тој немаше синови.
29 Од Кис и од синовите Кисови Јерахмеел;
30 синови Мушиеви Махли, Едер и Јеремот. Тоа беа синовите левитски според поколенијата нивни.
31 И тие фрлија ждрепка заедно со браќата свои, Аронови синови, пред лицето на царот Давид и Садок и Ахи­мелех и началниците на свеште­ничките и левитските редови: начал­никот на родот заедно со најмладиот брат свој.